Мерино му донесе триумф на Арсенал (ВИДЕО)

50

Тешко стекната победа на тимот на Арсенал попладнево на гостувањето кај Лестер. Со голови постигнати во последните десетина минути од мечот, кога истиот требаше да има „затворање“ што се вели до двете екипи. Сепак, гостите, поточно Микел Мерино не мислеше така, па најпрво во 81. минута, а потоа и во 87. успеа да погоди во домашната мрежа и да му донесе на Арсенал злато вредни три бода.

Домаќинот имаше свои моменти на мечот, но не ги искористи, па на крајот остана и без тој еден бод кој што му беше на дофат што се вели.

Со ова, Арсенал, го освои 53. бод сезонава и е на втората позиција, додека пак Лестер и натаму е во зоната на испаѓање со 17. бода.

ПретходноОва само Балканци го можат: Еве како Филип Костиќ го повреди својот соиграч Един Џеко! (ВИДЕО)
СледноКире Маркоски за „Лавовски“ триумф во Охрид, Арсими триумфално низ Струмица (ВИДЕО)