Мојсов: Тиквеш ќе се надигрува со Силекс!

583

Утре стартува пролетниот дел од тековната сезона 2024/25. Од терминот од 14 часот се играат сите шест средби, а се очекува супер интересно да биде во Кратово, каде Тиквеш му гостува на Силекс.

Познато е дека кавадарчани немаа добра есенска полусезона, па затоа секој гол, секој бод им е од големо значење.

Во пресрет на утрешниот дуел во Кратово, тренерот на Тиквеш, Ѓорѓи Мојсов за “СпортСпорт“ имаше свој коментар:

Многу добро знаеме каде гостуваме и против каков тим ќе играме. Ова е прв меч оваа пролетна полусезона и секогаш овие први мечеви се тешки за играње. Ние како Тиквеш го респектираме Силекс, но секако дека си имаме свои амбиции. Имаме намера да се надигруваме со домашниот состав, имаме намера да одиграме најдобро што можеме во моментов и се надеваме на добар резултат. Немам проблеми со играчкиот кадар, ќе можеме да стаме на сите свои фудбалери“ изјави стратегот на Тиквеш.

ПретходноЛазаров пред Бриксен: Нема да потцениме никого во ниту еден случај, ќе одиме со 100%!
СледноАнчелоти ќе остане во Реал само ако освои трофеј во Ла Лига или ЛШ!