Наполи испушти победа на гостувањето во Рим (ВИДЕО)

45

Фудбалерите на Наполи останаа без два бода во самиот финиш на натпреварот против Лацио на „Олимпико“, откако домашните успеаја да израмнат на 2:2 со гол во 87. минута. Лацио поведе во шестата минута со голот на Густав Исаксен, но Наполи успеа да се врати со голем пресврт и да дојде на само чекот до голема победа во трка за Скудетото.

Радоста на домаќините траеше само седум минути, откако Џакомо Расподори набрзо му донесе израмнување на Наполи. Пресвртотстигна во 64. минута, кога Марушиќ си постигна автогол. Домашните не очајуваа и во 87. минута Булае Диа го фати Мерет на погрешна нога и во комбинација со Закањи му донесе израмнување на Лацио. (ВИДЕО)

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноЕлези го „стресе“ Динамо, но Адеми и Стефан на крајот славеа (ВИДЕО)
СледноЕвропски Куп: Алкалоид го прегази Бриксен и зачекори кон четвртфиналето