Ова само Балканци го можат: Еве како Филип Костиќ го повреди својот соиграч Един Џеко! (ВИДЕО)

498

Неверојатна вест ни доаѓа од Истанбул. Имено Един Џеко е повреден, има пукнатина на дланката, но ништо сериозно. Босанскиот напаѓач сепак ќе игра за својот Фенербахче викендов.

До тука нема ништо неверојатно. Одиме натаму.

Имено неверојатното е тоа што Џеко бил повреден од страна на својот соиграч Филип Костиќ при прославата на еден од головите завчера против Андерлехт во плеј – офот од Лигата на Европа.

Србинот од преголема радост силно го удрил Босанецот и ете така дошло до повреда.

Да, ова само Балканци го можат.

Погледнете го видеото и се ќе ви стане јасно:

ПретходноКамил Раст е светска шампионка во слалом
СледноМерино му донесе триумф на Арсенал (ВИДЕО)