Најплатените спортисти во светот: Роналдо, Кари, Фјури, Меси…Новак не е во првите 100!

657

Втора година по ред Кристијано Роналдо е најплатениот спортист во светот. Како што беше во 2023, така е за минатата 2024 година. Португалецот и натаму е предводник на листата и тоа со 260 милиони долари заработени за минатата година па така тој е лидер на оваа листа. Во таа сума се сметаа платите од договорите и спонзорските договори.

Роналдо како плата добил 215 милиони долари а од спонзори 45 милиони долари.

На второто место е Стеф Кари со 154 милиони долари од кои дури 100 милиони од спонзори.

Интересно, Новак Ѓоковиќ не е меѓу првите сто, што не е за изненадување ако се знае дека тој минатата година и немаше којзнае какви успеси на турнирите.

ОВА Е ЛИСТАТА НА НАЈПЛАТЕНИТЕ СПОРТИСТИ ЗА 2024:

1.Кристијано Роналдо (фудбал) 260 милиони долари

2.Стеф Кари (кошарка) 154 милиони

3.Тајсон Фјури (бокс) 147 милиони

4.Лионел Меси (фудбал) 135 милиони

5.Леброн Џејмс (кошарка) 134 милиони

6.Нејмар (фудбал) 133 милиони

7.Олександер Усик (бокс) 122 милиони

8.Карим Бензема (фудбал) 116 милиони

9.Килијан Мбапе (фудбал) 110 милиони

10.Џон Рам (голф) 106 милиони

ПретходноТренерот на “биковите“: „Елмас е важен играч!“
СледноОва е планот на Дон Флорентино: Го продава Вини за 350 милиони евра и со тие пари ќе ги купи Халанд, Родри и Салиба!