По катастрофата која кошаркарите на Работнички ја доживеаја во четвртфиналето на Купот на Македонија, кога беа декласирани од лутиот градски ривал МЗТ Скопје А., со своја реакција се јавија најжестоките фанови на составот од Градски Парк, популарните „Сити Парк Бојс“. Во објава на социјалните мрежи тие директно посочија кон играчите и сите структури во тимот:
Проблем не е поразот, проблемот сте вие!
По една недела пауза не чека наредно коло против екипата на Тиквеш, каде ќе го истуриме целиот гнев кон сите кој ветуваат резултат а испорачуваат срам.
Мобилизација на секоја генерација, на секој кој некогаш се израдувал на успехот на овој клуб.
НИЕ СМЕ РАБОТНИЧКИ А НЕ ТИЕ НА ТЕРЕН!
КК Мзт-КК Работнички
13.02.2025