Ракометарите на Тиквеш убедливо славеа во Скопје против екипата на Бутел со 21:33 во еден од двата последни вечерни дуели од тековното 18. коло во домашниот ракометен шампионат. На гостувањето во Скопје, кавадарчани одиграа одличен меч и покажаа дека во моментов се во многу подобра форма од домашните.
Ова за Бутел беше трет пораз во последните пет меча, додека нанижа и втор триумф едноподруго со кој прогресираше на петтото место на табелата.
Во Радовиш, видовме многу понеизвесен и повозбудлив меч во кој домашните успеаја да ја остварат првата победа оваа сезона. Радовишани славеа со 33:30 против екипата на Струга за прва радост на своите навивачи.