Хајдук киксираше кај Истра, а Гатузо го остави Трајковски во Сплит

733

Тоа што тимот на Хајдук не успеа да победи на денешното гостување кај Истра, нас како јавност и не треба премногу да не загрижи. Сепак, многу повеќе треба да се бавиме со фактот што тренерот на тимот од Сплит, Џенаро Гатузо не го сврсти во составот за денешниот меч нашиот интернационалец и репрезентативец Александар Трајковски.

Медиумите во Хрватска веднаш ја пренесоа веста дека Трајковски ниту е суспендиран, ниту пак повреден. Едноставно Гатузо одлучил дека Трајковски за овој меч не му е потребен.

Напаѓачот нема премногу доверба кај тренерот Гатузо, и речиси и да не добива воопшто шасна, а за улогата на стартер и да не зборуваме. Очигледно дека деновите на Трајковски во Сплит се одбројани и во следниот преоден рок, особено доколку Гатузо и натаму е тренер, тој ќе мора да си побара нов клуб.

 

ПретходноАталанта и Каљари си ги поделија бодовите
СледноОмерагиќ и официјално е единствен кандидат за претседател на ФФМ