Фудбалерите на Милан со 1:0 ја совладаа екипата на Верона во вечерашниот натпревар од италијанската Серија А.
Единствениот погодок на натпреварот падна во 75-тата минута кога Хименез го постигна својот прв гол во дресот на „росонерите“ во Серија А. Со оваа победа Милан се зацементира на 7. место со 41 бод, додека пак Верона се наоѓа на 15. место со 23 освоени бодови.