Јана Атанасовска денеска не успеа да ја заврши трката во слалом за жени на СП во алпско скијање во Залбах.
Македонската скијачка едноставно немаше свој ден, па така во првата трка која се одржа утринава по само неколку минати капии, направи грешка и ја загуби контролата врз скиите со што беше дисквалификувана.
Инаку Атанасовски стартуваше со реден број 63 на оваа слаломска трка.