Алкалоид со голема поддршка во Италија: Македонското знаме беше развиорено во Бриксен (ФОТО)

399

Алкалоид е на чекор до четвртфиналето во ЕХФ Европскиот Куп. Кирил Лазаров и неговите избраници дојдоа до убедлива победа на гостувањето кај Бриксен, славеа со 32-44, останува истата игра да ја потврдат на домашен терен за седум дена и да испишат нова историја.

Алкалоид не беше сам на гостувањето во Италија. Повеќе Македонци од нашата дијаспора му дадоа поддршка на македонскиот тим за време на целата средба. Од таборот на Алкалоид им се заблагодарија за поддршката.

ПретходноНено со четири поени во победата за куп-финале на Милано
СледноПриказна стара, а титула нова – МЗТ Скопје ја „расплака“ Гевгелија!