Омерагиќ и официјално е единствен кандидат за претседател на ФФМ

585

Денеска во Струмица односно Кавадарци се одржаа последните две општински фудбалски изборни собранија, на кои што и официјално беше потврдено дека Масар Омерагиќ е единствениот кандидат за нов претседател на Фудбалската Федерација на Македонија.

Најпрво во Струмица, а потоа и во Кавадарци попладнево, делегатите ја изгласаа довербата за во моментов в.д. претседателот, да биде единствениот кандидат за претседател на претстојното годишно собрание на ФФМ кое е закажано во март.

Омерагиќ доби поддршка од 24 од постоечките 26 општински фудбалски сојузи. Единствено ОФС Кичево не ја исгласа кандидатурата на Омерагиќ, додека легитимно собрание во Охрид не се ни одржа.

ПретходноХајдук киксираше кај Истра, а Гатузо го остави Трајковски во Сплит
СледноБохум подобар од Борусија, Волфбург со три бода во Штутгарт