Реал освои само бод: Црвениот картон за Белингем и пеналот за Осасуна најавуваат нова војна со Ла Лига

301

Реал Мадрид одигра нерешено, 1:1 на гостувањето кај Осасуна во натпревар кој повторно ќе предизвика лавина реакции насочени кон судиите и Ла Лига. Имено, мечот мина во доминација на контроверзни судиски одлуки, особено во првото полувреме, кога при водство од 0:1 на гостите, главниот судија Хозе Мунуера му даде директен црвен картон на Белингем, поради приговор.

Реал поведе со голот на Мбапе (1:0) во 15. минута по асистенцијата на Феде Валверде, по што следуваа низа дискутабилни одлуки на судијата Хозе Мунуера. Тој прво не покажа пенал за Реал, откако Винисиус Јуниор двапати беше соборен во шеснаесетникот на домашните.

Penalty situations in the Osasuna vs Real Madrid game.
byu/deqembes insoccer

Исто така од друга страна му го прости остар старт на Едуардо Камавинга со отворен ѓон. Колку гнев предизвика Мунуера кај гостите покажува и податокот дека во 21. минута му покажа жолт картон на Карло Анчелоти поради протест.

Комплетниот шок за гостите од Мадрид дојде во 39. минута, кога Белингем му до нешто на судијата, кој потоа му се обрати, а Англичанецот продолжи да зборува по што Мунуера му покажа директен црвен картон! (ВИДЕО)

Во 58. минута Анте Будимир израмни од пенал (1:1), што исто така предизвика гнев кај мадриѓаните. По центаршутот на Сарагоса, Куртоа го одбрани ударот на Монкајо, Будимир налета на одбиената топка и шутираше, но беше нагазен од Камавинга, што резултираше со пенал. Судијата Мунуера доби повик од ВАР-собата и покажа на белата точка, а Карло Анчелоти со иронично смеење покажа што мисли за неговата одлука.

Carlo Ancelotti laughing sarcastically at the referee’s decisions in the match between Real Madrid and Osasuna
byu/SirSlapBot insoccer

Реал и покрај тоа што имаше играч помалку, имаше неколку опасни напади, главно преку Винисиус и Мбапе, но на успеа да погоди.

ПретходноМармуш со хет-трик за едно полувреме му донесе триумф на Сити (ВИДЕО)
Следно„Сити Парк Бојс“ за дебаклот на Работнички во Купот: Проблем не е поразот, проблемот сте вие!