Дома Ракомет Европски купови Галевски: Заслужено го победивме Бриксен!

Галевски: Заслужено го победивме Бриксен!

180

Алкалоид е на чекор до 1/4 финалето во ЕХФ Европскиот Куп. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија и Супер-Купот на гостувањето кај Бриксен славеше со убедливи 32-44 во првата осминафинална пресметка во ова натпреварување. Кирил Лазаров и неговите момци за седум дена го играат реваншот на домашен терен каде треба да стават печат на новиот голем исчекор во ова натпреварување.

„Без разлика кој и да е противник, ние максимално се спремаме, го даваме максимумот. Така беше и сега, заслужено победивме со Бриксен. Го реализиравме нашиот план со стручниот штаб и дојдовме до висока победа. Ние, сепак, максимално ќе влеземе сериозно и на следниот меч во Скопје, затоа што ни следи малку понапорна недела во која ни следат домашни мечеви, прво со Борец, потоа со Пелистер.
Бриксен никако не е за потценување, имаат одлични шутери кои добро шутираат од девет метри, полетни крила кои цело време влечат брз центар, но мислам дека нашата физичка спремност победи во овој момент и можеби бевме пофизички моќни со подобра ротација, а бевме исто така и подобри тркачки, затоа што ривалот ги користеше истите играчи во поголемиот дел“, изјави Иван Галевски, кој мечот го заврши со осум одбрани од кои два пенала.
ПретходноНико Вилијамс му открил на Јамал ​​дека оди во Премиер лигата
СледноБелингем го чека подолга суспензија?