Лесно, уверливо и ефикасно, тимот на Ајнтрахт Франкфурт успеа попладнево да запише уште една победа во Бундеслигата сезонава. Победен е тимот на Холстен Кил со конечни 3:1.
Развојот на настаните на овој меч беше јасен многу бргу откако истиот започна. Ларсон во 18. минута, а потоа и Тута во 37. обезбедија 2:0, а Етиките промаши и пенал во последните моменти од првиот дел.
Узун го поправи својто соиграч во 60. минута и зголеми на 3:0, а Порат во 73. минута ги постави конечните 3:1.
Ајнтрахт сега има 42. бодови и ја држи третата позиција на табелата.