Се чини дека Баерн Минхен учи од сопствените грешки од минатото. По она што му се случи со Давид Алаба, кога како слободен играч се пресели во Реал Мадрид, сега германскиот гигант знае што прави.
Па така откако со потпис и натаму ги “врза“ Алфонсо Дејвис и Џамал Мусиала, сега на ред е клучниот играч Џошуа Кимих:
“Се наоѓаме во добра ситуција во однос на преговорите со Кимих. Се надеваме дека многу скоро и со него ќе потпишеме за продолжување на договорот. Јасно е дека Кимих ќе биде нашиот капитен откако Мануел Ноер ќе се пензионира. Ни останиваат само некои детали и секако официјалниот потпис“ истакна Макс Еберле, директорот на “баварците“.