Димитријевиќ загуби во Куп финалето од Тренто

84

Нашиот кошаркарски интернационалец Ненад Димитријевиќ со својот тим Милано предмалку го загуби Куп финалето на Италија. Тие во последниот меч од ова натпреварување не можеа да се справат со тимот на Тренто кој што ги совлада со конечни 79:63.

Димитријевиќ на овој меч имаше епизодна улога минувајќи на терен 12 минути. За истите постигна само еден кош и две асистенции.

Од друга страна пак, најјефикасен на мечот беше играчот на Тренто, Џордан Форд со 23. поени, додека пак на другата страна Миротиќ застана на 20 коша.

 

ПретходноБаерн Минхен знае што прави: И Кимих потпишува!
СледноТотенхем го има рецептот за Јунајтед