Клупската ТВ на “кралевите“: “Корупцијата во федерацијата – Реал Мадрид 1:1“!

438

И повторно, и повторно. Клупската ТВ на Реал Мадрид и по вчерашното гостување кај Осасуна, мечот заврши 1:1, имаше што да каже во врска со судењето кога станува збор за “кралевите“.

Имено луѓето на ТВ Реал Мадрид и натаму сметаат дека нивниот тим постојано се оштетува од страна на судиите. Сега се замерува дека Белингем не требало да добие црвен картон, дека Хуан Круз требало да добие директен црвен картон по стартот на Килијан Мбапе.

Тие сметаа дека очигледно има заговор со цел да му се наштети на Реал Мадрид па токму затоа и заклучокот нивни е:

Корупцијата во федерацијата – Реал Мадрид 1:1“.

Секако дека се мисли на вчерашниот меч и секако дека ТВ Реал Мадрид удира Федерацијата.

ПретходноРезил и брука: Раководството на Шкендија не стоеше на химната на Македонија! (ФОТО)
СледноПМФЛ: Шкендија славеше на Арената, Гостивар со гол од пенал во 90+6.минута ја победи Струга ТЛ, Шкупи ја доби градската пресметка…