Куманово го победи Пролет

108

Куманово дојде до петтата победа во Супер-лигата, откако на домашен терен го совлада Пролет со 23-21 (10-12) во меч од 18-то коло.

Ракометарите на Куманово одиграа одличен меч, а до целиот плен дојдоа благодарение на добрата игра во второто полувреме во кое избраниците на Матлиески не постигнаа гол во првите седум минути. Домаќинот поведе со 15-12, на другата страна Пролет успеа да израмни на 16-16, но тоа не беше доволно за да се сопре противникот. Куманово пред крајот дојде до значителна предност од два гола која успеа да ја сочува до самиот крај.

Димевски со шест гола беше најефикасен кај победникот, додека на другата страна Палевски имаше девет гола.

ПретходноСевиља фуриозно кај Ваљадолид
СледноБаерн Минхен знае што прави: И Кимих потпишува!