Како што може да се види од фотографијата, од мечот Вардар – Шкендија, ложата на Арената “Тодор Проески“ во Скопје ќе се подновува. Имено извадени се досегашните столчиња и секако дека ќе се постават нови. Се разбира и време беше ако се знае дека одамна, веќе повеќе од една деценија се нема ништо променето на Северната трибина на нашата Национална Арена, инаку најголем спортски објект во Македонија.