Мајорка со три домашни бодови против Лас Палмас

34

Екипата на Мајорка вечерва оствари важна победа на домашен терен од конечни 3:1, против екипата на Лас Палмас.

Главен играч за домаќинот на овој меч како и многупати досега беше косовскиот репрезентативец, Ведат Муриќи кој во седмата односно 28. минута успеа да погоди во противничката мрежа и да донесе водство од 2:0.

Следуваше и трето погодок преку Родригез по што веќе во 35. минута од мечот победникот на овој дуел беше јасен.

Иако Бајчетиќ во 62. минута намали на 3:1, сепак, Лас Палмас немаше сила за ништо повеќе на овој меч.

Мајорка е седма со 34. бодови, додека Лас Палмас со 23 е на 17. позиција на табелата.

 

ПретходноРома со минимален триумф кај Парма
СледноЧурлинов погоди во триумфот на Јагиелониа (ВИДЕО)