Ол-Стар: Изненадување во натпреварот за три поени, Вембањама и Пол дисквалификувани (ВИДЕО)

635

Демијан Лилард не успеа да ја одбрани титулата најдобар шутер за три поени во НБА. Новиот шампион во тројки е Тајлер Хиро, кој на Мајами Хит им го носи првиот трофеј од 2011 година.

Хиро стигна до финалето со 19 поени, но во важните моменти погоди две зелни топки за триумф.

Покрај Хиро и Лилард во натпреварот за три поени учествуваа уште Џејлен Брунсон (Њујорк), Кејн Канингем (Детроит), Кем Џонсон (Бруклин) и Норман Пауел (ЛА Клиперс).

Ноќта во Сан Франциско започна со All-Star Skills Challenge, а победата во тоа натпреварување ја однесоа Еван Мобли и Донован Мичел. Сепак, најголемо внимание од ова натпреварување добија Виктор Вембањама и Крис Пол, кои беа дисквалификувани.

Исто така, ова дуо беше исвиркано во арената поради нивниот обид да ги изиграат правилата, кои не велат дека треба да го погодите ударот, туку само да се обидете. Погледнете подолу за тоа што направија за да го измамат системот за натпреварување.

 

ПретходноСезонава нема ниту еден кош во НБА лига, но испиша историја во забивање откако „прелета„ преку автомобил (ВИДЕО)
СледноПМФЛ: Вардар VS Шкендија…дерби за уживање, супер пресметка на Маџари, Работнички гостува на Чаир!