ПМФЛ: Шкендија славеше на Арената, Гостивар со гол од пенал во 90+6.минута ја победи Струга ТЛ, Шкупи ја доби градската пресметка…

1124

Завршија сите мечеви од 19.коло или прво пролетно коло во тековната сезона во ПМФЛ.

На Арената во Скопје, Шкендија со 1:2 успеа да слави против Вардар во еден супер интересен и квалитетен меч. Според играта вардарци не заслужија да бидат поразени. Имаа игра, имаа и шанси но немаа среќа. Штета за тимот на Гоце Седлоски кој на ова мега – дерби заслужи барем бод.

Инаку Шкендија поведе со голот на Ибраими во 54.минута. Следуваше голот од пенал на Закариќ за 1:1 во 66.минута. И кога се чинеше дека вардарци тргнаа по победата, Тамба во 76.минута донесе 1:2.

Гостивар ја победи Струга ТЛ со 1:0 и тоа со гол од пенал во 90+5.минута и освои три екстра значајни бода.

Шкупи со 2:0 успеа да го победи Работнички со што ја доби градската пресметка. Аворнио и Имери беа стрелците за победничкиот состав.

Пелистер и Брера одиграа 0:0, се чини ова е кикс на битолчани.

Воска со 2:0 славеше против Беса, се разбира дека ова и тоа како изненадувачки резултат ако се знае дека охриѓани сите ги отпишаа.

Тиквеш одигра 1:1 во Кратово и покажа дека оваа пролет кавадарчани и тоа како ќе имаат што да покажат во нашата елитна лига.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 19.КОЛО

ГОСТИВАР – СТРУГА ТЛ 1:0

(Потук (п) 90+5/)

ПЕЛИСТЕР – БРЕРА 0:0

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 2:0

(Аворнио 29., Имери 76./)

СИЛЕКС – ТИКВЕШ 1:1
(Алиќ 30./Садик (п) 78.)

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 1:2

(Закариќ (п) 66./Ибраими 54., Тамба 76.)

ВОСКА – БЕСА 2:0

(Жуљ 73., Осеи 78./)

ПретходноКлупската ТВ на “кралевите“: “Корупцијата во федерацијата – Реал Мадрид 1:1“!
СледноШкендија со триумфот на мега – дербито го запоседна и врвот на табелата! (ФОТОГАЛЕРИЈА)