Попладнево стартуваше пролетниот дел од сезоната 2024/25 во ПМФЛ. Завршија првите полувремиња од сите шест средби од 19.коло.
На мега – дербито меѓу Вардар и Шкендија, кое се игра на Арената во Скопје, по 45.минути резултатот е 0:0. Вардар добар, ја имаше иницијативата, имаше и шанси за водство. Шкендија опасна беше во два наврати од контри.
Нема голови и на другото дерби кое се игра на Маџари меѓу Гостивар и Струга ТЛ. Кехинде во два наврати опасно се закани, но домашниот голман беше одличен,
Првиот гол во пролетната полусезона е дело на Аворнио од Шкупи, доволен за водство од 1:0 против Работнички. Води и Силекс против Тиквеш со голот на Алиќ.
На мечевите Пелистер – Брера и Воска – Беса немаше голови.