Кошаркарот на Орландо, Мек МекКлан стана првиот кошаркар во историјата на НБА кој победил на натпреварот за забивање Ол-стар викенд три години по ред. Тој успеа во тоа со четири импресивни забивања за време на синоќешното шоу во Сан Франциско, постигнувајќи максимални 50 поени.
Матас Бузелис (Чикаго Булс), Андре Џексон Јуниор (Милвоки Бакс) и финалистот на натпреварувањето Стефон Касл (Сан Антонио Спарс) се обидоа да ѝ стават крај на доминацијата на Мекланг оваа година, но и двајцата не успеаја да победат против играчот кој е МВП на Г лигата за 2024 година. Признанието го заслужи откако за Меџик имаше просек од 25,7 поени, 4,7 скока и 6,6 асистенции на 27 натпревари во Г лигата.
Иако три години е доминантен во забивањата на Ол-стар натпреварот во НБА, МекKлан има скромно искуство играјќи во најсилната кошаркарска лига во светот. Откако не беше избран на драфтот во 2021 година, тој се обиде да се пробие во лигата со краткорочни договори со Булс, ЛА Лејкерс, Филаделфија 76ерс и Орландо Меџик.
Тој играше на само пет натпревари во НБА од 2021 година, со просек од 6,6 поени, 2,8 скока и 2,4 асистенции за 14 минути во просек. Сезонава се појави само еднаш. Минатиот октомври тој доби пет минути во поразот на Орландо од Мемфис.
МекKланг стана само вториот играч по Нејт Робинсон кој три пати победил на натпреварот во забивање, но првиот што го направил тоа во три последователни години. Мајкл Џордан, Доминик Вилкинс, Харолд Мајнер, Џејсон Ричардсон и Зек ЛаВин се единствените преостанати играчи со две вакви титули.