Силва: Искуството на Лазаров е бесценето! Наметнува поинаков стил на игра!

3524

Алкалоид со голема победа се враќа од гостувањето кај Бриксен во рамките на првиот осминафинален натпревар во ЕХФ Европскиот Куп. Предноста од 12 гола разлика (44-32) е доволна за да вратите кон 1/4 финалето во ова натпреварување да бидат широко отворени.

Португалскиот ракометар во редовите на Алкалоид, Франциско да Силва го анализираше првиот меч. Тој вели дека тренерот Кирил Лазаров се обидува да наметно поинаков стил на игра во тимот, спротивен од оној што се игра во првенството, што пак е позитивно за сите.

„Натпреварот беше доста добар за нас, доста тежок затоа што моравме многу да трчаме, но успеавме да се одлепиме уште во воведните минути и држевме темпо. Не очекував толку брз ритам на еден дуел, нормално дека ги гледавме, анализиравме, но друго е во живо. Бриксен се покажа како доста брз тим.
На следниот меч очекувам пак да победиме, за тоа и работиме. Имаме појасна слика за ривалот. Ќе се обидеме да бидеме уште подобри, посебно во одбрана каде сакаме да примиме помалку голови.
Даваме 100% од себе на секој меч, Лазаров се обидува да го промени стилот на игра што се игра во првенството, наметнува поинаков стил на игра. Со себе носи големо искуство кое може да ни го даде и не учи на секој тренинг. Задоволен сум како течат работите и се надевам ќе бидеме уште подобри во иднина“, вели Франциско да Силва.

Реваншот со Бриксен е закажан за 22 овој месец во салата во Автокоманда, додека претходно (понеделиник) Алкалоид ќе одигра меч од Супер-лигата против Борец, исто на домашен терен.

ПретходноМакедонецот блеска во Турција: Аврамовски стрелец на два гола во победата на Игдир!
СледноХаланд со повреда на коленото!