Тотенхем го има рецептот за Јунајтед

26

Уште еден триумф на тимот на Тотенхем сезонава над екипата на Манчестер Јунајтед. Овојпат на домашен терен со минимални 1:0.

Решавачки момент на дербито на ова коло во Премиер лигата беше голот на Медисон во 13. минута. Откако Онана реагираше на ударот од дистанца, и ја одби кратко топката на петерец, Медисон беше на правото место и пласираше за водство.

Потоа Јунајтед се обиде да израмни, односно да дојде до поволен резултат и тоа особено во второто полувреме но и немаше среќа на моменти во завршницата. Целиот навален ред на гостите во еден момент се најде во позиција да го загрози противничкиот гол, но Јунајтед едноставно како да не знае да постигне гол.

Сега, со овој триумф Тотенхем во голема мера си ја подобри ситуацијата на табелата освојувајчи го 30. бод сезонава и 12. позиција, додека пак Јунајтед има бод помалку и е на 15 место на табелата.

ПретходноДимитријевиќ загуби во Куп финалето од Тренто
СледноПелистер го преживеа Охрид пред важниот меч во ЛШ