Халанд со повреда на коленото!

523

По онаа победа од 4:0 против Њукасл, се разбира поради хет-трикот, централна тема на муабет е Омар Мармуш, но во Манчестер Сити не се израдуваа премногу на оваа победа. Посебно ако се знае дека Ерлинг Халанд во еден момент од средбата се пожали на повреда на коленото.

Па така сега се стравува за тоа дали најдобриот фудбалер на “граѓаните“ ќе може во среда на “Сантијаго Бернабеу“ да биде во составот на Сити во возвратниот дуел од плеј – офот во ЛШ против Реал Мадрид.

Еве што кажа Пеп Гвардиола:

Кога легна на теренот сите занемевме од страв. Потоа насмеан стана и го напушти теренот како што секогаш тоа го прави. Ќе видиме за што станива збор, ќе ги видиме резултатите од прегледите. Се надевам дека Халанд ќе биде во составот на мечот во Мадрид“ посочи страегот на Сити.

ПретходноСилва: Искуството на Лазаров е бесценето! Наметнува поинаков стил на игра!
СледноЛожата на Арената ќе се подновува!