Чурлинов погоди во триумфот на Јагиелониа (ВИДЕО)

178

Дарко Чурлинов полека но сигурно влегува во форма. По тешкиот период кој го мина во дресот на Барнли, напаѓачот се пресели во Јагиелонија, и почна да покажува зошто овој тим го доведе.

Чурлинов денеска беше стрелец во победата на неговиот тим од 3:0 над Мотор Лублин. Откако Кубицки погоди за водство, Чурлинов зголеми на 2:0 некаде по еден час игра, за Кубицки со својто втор гол да го постави конечниот резултат на овој меч.

Нашиот интернационалец има уште многу што да покаже во дресот на својот тим, затоа што реално е доведен како големо засилување.

ПретходноМајорка со три домашни бодови против Лас Палмас
СледноМаинц со важни гостински бодови