Добар Вардар, на моменти и одличен против Шкендија. Сепак на крајот се бројат головите а тие велат дека тетовци ги освоија трите бода поради победата од 1:2.
Вардар имаше шанси и шанси да дојде не само до бод туку и до победа, но кога се игра против Шкендија мора да се реализира, во спротивно мечот се губи.
Убаво фудбалско попладне на Арената во Скопје, добра фудбалска претстава на отворањето на пролетниот дел и победа на Шкендија. Со овие три бода, а со ремито во Кратово и поразот на Работнички на Чаир, сега тетовци се лидери на табелата која еве како изгледа по 19.коло:
ТАБЕЛА
Шкендија 40, Силекс 38, Гостивар 38, Работнички 37, Струга ТЛ 32, Шкупи 25, Пелистер 20, Брера 20, Тиквеш 15, Воска 15, Беса 13, Вардар 13…