Никола Јокиќ и дефинитивно е најдобриот кошаркар во светот. Тоа сите го признаваат, па и оние мега – ѕвезди во НБА. Кога тој игра се чини дека ја прави кошарката да биде најлесната работа во светот.
Знае само за успеси, но сепак во себе и натаму не го заборави она полуфинале на ОИ во Париз минатото лето кога Србија беше поразена од САД а речиси да водеше до последната минута:
“Секогаш сум говорел дека за мене тоа е најболниот, најтешкиот пораз во кариерата. Во тие моменти почувствував дека сите навиваа за нас. Не сум сигурен дали повеќе сакаа САД да загуби или Србија да победи“ потенцираше Јокиќ.
Инаку тоа полуфинале заврши со резултат 95:91 иако Србија предводена од Јокиќ одигра фантастичен меч и имаше водство до пред самиот крај на средбата.