Артета: Ни недостигаше острина, на моменти делувавме неконзистентно

65
Фото: ФЦ Арсенал

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета зборуваше по победата на неговиот тим над Лестер од 2:0 во 25. коло од англиската Премиер лига.

„Важна победа. Особено во период кога имаме проблем со повредите, се уште сме во борба“, изјави Артета.

Благодарение на победата, „топчиите“ внесоа дополнителна интрига во борбата за титулата и ја намалија дистанцата од лидерот Ливерпул на само 4 бода.

„Во првото полувреме ни недостигаше острина и на моменти бевме неконстантни, особено кога игравме со топка. Во вториот дел ја презедовме контролата на ситуацијата и успеавме да победиме“, рече Артета.

Тренерот на „топчиите“ зборуваше и за херојот на натпреварот – Микел Мерино, кој ги постигна двата гола за победа.

„Тој е закана за противничкиот гол. Мислевме дека ќе може да ги искористи тие моменти кога игравме во напад и противникот почна да игра порезервирано. Но, полесно е да се каже отколку да се направи. Микел никогаш не играл како број девет. Но, тој има талент за тоа. Тој може да почувствува или да предвиди опасност“, заклучи Артета.

ПретходноГевгеличани револтирани: Стотина фанови со купени билети останале пред сала!
СледноЈокиќ се потсети на најболниот пораз во кариерата!