Гвардиола: Се сетивме кои сме!

83

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола зборуваше по убедливата победа на неговиот тим над Њукасл со 4:0 во 25. коло од англиската Премиер лига.

„Како што игравме, се сетивме кои сме. Не можевме да се пофалиме со тоа на почетокот на оваа сезона“, изјави Гвардиола.

Победата беше против директен конкурент за топ 4, што му дава надеж на шпанскиот специјалист дека крајот на сезоната може да биде успешен и покрај неговиот негативен развој во последните месеци.

„Секогаш се трудиме, но понекогаш не успеваме. Многу сум задоволен од темпото и интензитетот што го покажавме во нападот. Треба да ги победиме овие натпревари за да влеземе во Лигата на шампионите. Мора да играме на таков начин што нашите навивачи да си одат дома среќни“, додаде Гвардиола.

Дополнително, „граѓаните“ ја искористија грешката и на другиот нивен директен конкурент за најдобрата четворка – Челзи, кој неполни 24 часа претходно беше поразен од Брајтон со резултат 0:3.

ПретходноБелингем го чека подолга суспензија?
СледноГевгеличани револтирани: Стотина фанови со купени билети останале пред сала!