Македонецот блеска во Турција: Аврамовски стрелец на два гола во победата на Игдир!

209

Без разлика каде и да игра, дали за Болуспор или за Игдир, Даниел Аврамовски блеска во Втората лига на Туриција. Ако во есенскиот дел “бомбардираше“ за Болуспор, сега популарниот Цујо тоа го прави за Игдир, неговиот нов клуб.

Имено денеска на свој терен Игдир славеше со 3:0 против Кечиорегнгучи, а два од тие три гола беа дело на нашиот Аврамовски.

Прво во 52.минута погоди за 2:0, а осум минути подоцна, во таа 60.минута ја затресе гостинска мрежа за 3:0.

Со овие два гола Даниел Аврамовски сега има 11 голови и на листата на стрелците се наоѓа на второто место во Втората лига на Турција. Треба да се каже дека Цујо беше асистент за првиот гол на својот тим. 

Во составот на Игдир на денешниот меч не беше Валон Етеми поради суспензија.

ПретходноЈокиќ се потсети на најболниот пораз во кариерата!
СледноСилва: Искуството на Лазаров е бесценето! Наметнува поинаков стил на игра!