Нестор блеска во ХНЛ: Македонецот стрелец на два гола за Славен Белупо, ама едниот му го поништија!(ВИДЕО)

234

Илија Несторовски блеска во ХНЛ, и тоа во дресот на Славен Белупо. Македонецот со гол во 31.минута му донесе победа на својот тим од 0:1. Инаку некогашниот репрезентативен напаѓач стрелаше и во 45.минута ама тој гол му беше поништен поради наводен офсајд. Ова на Македонецот му е петти гол оваа сезона во елитната лига на Хрватска во дресот на Славен Белупо.

Кај домашните настапија Јованов и Мазари кој оваа зима направи трансфер од Работнички во Вараждин. Инаку Митровски и Младеновски останаа на клупата.

ПретходноГолот на Потук во 90+6.минута од пенал за победа! (ВИДЕО)
СледноЛиверпул едвај против “волците“: Диаз и Салах за повторно +7 пред Арсенал!