Организаторот на Купот најави дека денеска ќе ги рефундира парите за гледачите кои не влегоа во салата „26 Април“

216

По вчерашните информации кои ги објави и „СпортСпорт“ дека дел од кошаркарските фанови во Гевгелија и покрај уредно купените карти не успеаја да влезат во салата „26 Април“ да ги следат завршните натпревари на кошаркарскиот Куп на Македонија, денеска со соопштение се огласи организаторот на турнирот.

„Гевгелија повторно се покажа како одличен организатор на спортски настани, а гевгеличани и овој пат беа одлични домаќини. Кошаркарски празник со кој ја остваривме целта да ја промовираме  Гевгелија,а истовремено ги промовиравме спортот и кошарката во нашиот град и целиот југоисточен регион. Финалето пробуди огромен интерес помеѓу навивачите на двата клуба, но исто така и помеѓу неутралната публика. Сакаме воедно да се извиниме на гледачите кои не успееја да влезат или покасно влегоа во салата не заради наша вина, а веќе имаа купено влезница. Денес (понеделник) од 18 до 19 часот на билетарата во спортската сала ќе имаат можност да им бидат вратени парите за неискористените билети.  Благодарност до сите кои помогнаа и беа вклучени во беспрекорната организација на кошаркарскиот куп овие 3 прекрасни дена, благодарност до гевгелиската публика и верните навивачи Фантоми“, се вели во клупското соопштение објавено на социјалните мрежи.

ПретходноНе било до него: Ентони во Бетис трипати по ред е прогласен за Играч на натпревар!
СледноАко Ван Дајк не потпише, Ливерпул тргнува по Араухо