Џенова во финишот ја “скрши“ Венеција!

49

Џенова – Венеција 2:0 е епилогот од вечерашниот меч од 25.коло во Серија А. Значајна победа и големи три бода за тимот на Џенова, па така сега со 30 бодови се наоѓа на 11.место на табелата, додека Венеција и натаму е во зоната на испаѓање.

Треба да се каже дека домашниот состав и тоа како тешко дојде до победата, ако се знае дека головите паднаа во 82. и во 86.минута преку Пинамонти и Корнет.

Треба да се каже дека Џенова во второто полувреме пред да дојде до првиот гол, имаше три големи шанси, додека Венеција во првиот дел во еден случај опасно се закани.

ПретходноАриго Саки се враќа на тренерската клупа по 24 години?!
СледноБарса е лидер во Ла Лига: Левандовски со гол од пенал за победа над Рајо! (ВИДЕО)