Александар Јончевски: Се надевам дека Димитријевиќ и Шортс како тандем ќе функционираат беспрекорно!

102

Нашата најдобра кошаркарска селекција попладнево ги стартуваше подготовките за двата последни меча од квалификациите за ЕП. Селекторот Александар Јончевски и нашите репрезентативци од денеска се во „погон“ што се вели за дуелите со Естонија и Полска.

Јончевски во пресрет на првиот тренинг попладнево по собирот имаше свој коментар за тоа што не очекува:

Во моментов размислуваме само на Естонија и на натпреварот кој мора да го добиеме за да одиме понатака, а за Полска ќе се подготвуваме по Естонија. Имаме мотив, имаме желба, составот можеби не е во најпосакуван во моментов. Имаме среќа што Ненад Димитријевиќ е со нас, тука го имаме и Ти-Џеј Шортс. Се надевам дека како тандем ќе функционираат беспрекорно и ќе дојдеме до победа“ вели селекторот и продолжи:

Со Јакимовски сум во контакт, имавме позитивни одговори од Колорадо затоа што имаа минимални шанси да се квалификуваат понатаму. Но, пред скоро добивме порака дека тимот има шанси да оди понатаму. Се надевам дека ќе се појави тој во Талин и ќе го имаме на располагање. За разлика од претходниот циклус, го имаме Теодор Симиќ, кој се надевам дека ќе помогне за игра под кошевите, најголемиот проблем кој го имавме претходно со такви физички репрезентации. Тука гледам наша шанса и за некоја брза игра, да ги бркаме тие пет поени негатива во Талин“ заврши Јончевски.

ПретходноКасемиро посочи што го советувал Винисиус за провокациите!
СледноШортс: Нено е лидер на тимот, јас сум тука да му помогнам и да и помогнам на Македонија!