Екипата на Алкалоид имаше само еден ден да се одмори по осминафиналниот меч против Бриксен и победата на гостински терен во ЕХФ Европскиот Куп. Кирил Лазаров и неговите момци вечерва (19 часот) на домашен терен го пречекуваат тимот на Борец во последниот дуел од 18. коло во Супер-лигата.
Алкалоид е фаворит на оваа средба, и со триумф на истата ќе ја задржи предноста од два бода на врвот пред Пелистер и Вардар.
Актуелниот освојувач на Купот на Македонија и Супер-Купот после оваа средба, го чека реваншот против Бриксен на домашен терен (22.02), а потоа тешкото гостување кај Пелистер во рамките на 19. коло во Супер-лигата.