Од вечерва Барселона повторно е лидер на табелата во Ла Лига. На каталонците им беше доволно и победа од 1:0 за да се најдат по 24.коло пред Реал Мадрид, поради подобрата гол разлика, и двете екипи имаат по 51 бодови и пред Атлетико Мадрид со 50 бода.
Тешко и беше на Барса вечерва на “Монжуик“, Рајо Ваљекано се покажа како тврд орев, имаа гостите и супер шанса во 90+1.минута за реми.
Сепак Барса на крајот победи и тоа со голот од пенал на Роберт Левандовски во 28.минута.
Ова беше 20-тиот гол на Левандовски во Ла Лига сезонава со што и натаму е прв на листата на стрелците, следува Килијан Мбапе со 17.
Јасно е дека битката за титулата во Ла Лига допрва ќе се вжештува.
Барселона 51 бод, Реал Мадрид 51 бод, Атлетико Мадрид 50… така е од вечерва.
🚨🇪🇸 GOAL | Barcelona 1-0 Rayo Vallecano | Lewandowski
LEWANDOWSKI OPENS THE SCORING FOR BARCELONA! pic.twitter.com/go6vKakUZH
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) February 17, 2025