Го победи Лилард во „тројки“ и освои 100.000 долари (ВИДЕО)

613

Синоќа во Сан Франциско заврши НБА Ол-стар викендот, а најголемата возбуда меѓу навивачите предизвика 18-годишниот студент Јарен Барахас, кој во конкуренција на Демијан Лилард освои 100.000 долари.

Популарниот јутјубер и една од ѕвездите на НБА лигата организираа интересен натпревар на кој еден фан, по случаен избор од публиката, имаше шанса да освои 100.000 долари. Правилата беа јасни. Двајцата натпреварувачи шутираа тројки од обележано место по средината. На Лилард му беа потребни три шута за победа, а на навивачот само еден кош пред истекот на времето.

Лилард погоди двапати, а како што истекуваше времето, Јарен погоди тројка, на задоволство на публиката во салата.

“Тоа беше неверојатен момент. Не можев да верувам дека го победив еден од најдобрите играчи во лигата”, изјави Јарен, кој по победата беше награден со 100.000 долари.

ПретходноАдетокумбо: Евролигата е поинтересна од НБА!
СледноШтип УГД и Работнички денеска го затвораат колото, Борец освои сет против шампионот