Давид Брестовац потпиша за Пелистер

315

Давид Брестовац е нов член на Пелистер, надежниот голман потпиша две и пол годишен договор.

Се работи за 20-годишен голман, кој има меѓународно искуство, бранејќи за Котбус и Волф Вирцбург. Тој го носи дресот на македонската младинска репрезентација, со која настапи и на големи натпреварувања.

Давид Брестовац веднаш ќе се приклучи на екипата и ќе му се стави на располагање на стручниот штаб. Неговото претставување е предвидено деновиве, по пристигнувањето во Битола.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 19.КОЛО: Бесарт покажа каков мајстор е
СледноФлик до играчите на Барселона: Нема зборување и протести кон судиите!