Дефинитивно со Димитријевиќ и Шортс на двата најважни дуели за пласман на Европско!

382

Македонската кошаркарска репрезентација денеска стартува со мини-погдотовките за последните два квалификациски дуели за пласман на Европското првенство 2025 година. „Црвено-жолтите“ се уште имаат шанси да се вратат на континенталните натпреварувања, патот е тежок, но не е неостварлив.

За првпат на еден официјален натпревар во составот ќе ги имаме Ненад Димитријевиќ и Ти-Џеј Шортс, „убиствен“ бековски тандем, кој може да не води победнички против Естонија на гостински терен (21 овој месец) и против Полска на домашен терен, три дена подоцна.

За да Македонија се најде на ЕП, покрај победа над Естонија од над 5 поени разлика и триумф над Полска, ќе и треба услуга од Литванија, која во последниот меч треба да ги победи Естонците дома.

Селекторот, Александар Јончевски нема да смета на Адем Мекиќ, кој е повреден. Поради истата причина го нема на располагање ниту Итан Хап. Добро е познато дека Шортс е еден од најдобрите кошаркари во Евролига, тој е вистински лидер на Париз сезонава. Американецот со македонски пасош заедно со Димитријевиќ ќе треба да го дадат посакуваниот прозивод на теренот.

Прозивката е закажана за денеска во 18 часот во СРЦ „Кале“, Шортс и Нено треба да пристигнат вечерва, но прашање дали ќе успеат да тренираат. Нашите кошаркари за Талин ќе заминат во среда.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ

  1. Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
  2. Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
  3. Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
  4. Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром
  5. Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
  6. Стојан Ѓуроски – Работнички
  7. Дамјан Робев – Работнички
  8. Виктор Ефремовски – Работнички
  9. Андреј Шошкиќ – Работнички
  10. Теодор Симиќ – Кожув
  11. Страхил Николов – ТФТ Скопје
  12. Ненад Димитријевиќ – Олимпиа Милано
  13. Лејсон Зеќири – Башкими
  14. Андреј Јакимовски – Колорадо
  15. Ти Џеј Шортс – Парис Баскетбалл
ПретходноСмртни закани кон судијата кој го исклучи Белингем
СледноАлкалоид во турбо ритам, денеска домаќин на Борец