Касемиро посочи што го советувал Винисиус за провокациите!

232

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Касемиро призна дека бил изненаден што неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид и Бразил Винисиус Жуниор што не ја освоил минатогодишната Златна топка. Тој исто така откри дека го советувал крилниот напаѓач да ги игнорира провокациите што ги добива од противничките играчи и навивачите и наместо тоа да се концентрира на својата игра.

„Секако дека бев изненаден што Винисиус не ја освои Златната топка. Не велам дека Родри не го заслужува тоа, бидејќи тоа е одлука на сите што гласале, но важноста на Вини во освојувањето на сите трофеи за Мадрид е непобитна. Беше одлучувачки со головите во финалето, особено во оној на Вембли, а беше и најистакнат во шампионатот што го освои. Значи, тоа беше изненадување. Сепак, не можам да покажам никаков недостаток на почит кон Родри, кој е одличен играч, а тоа беше одлука на фудбалот. Сепак, кога би можел да гласам, би гласал за Вини“, прокоментира Касемиро во интервју за АС, а потоа сподели каков совет би му дал на својот млад сонародник во врска со провокациите на натпреварите.

И кога биле со бразилската репрезентација неговиот совет бил ист.

„Има само еден начин да те спречиме: да те извадиме од игра. Само така можете да го спречите. Ако Вини е фокусиран на натпреварот и неговиот фудбал, тој е најдобар во светот. Ако е така, тој е најдобар. Но, тоа не е лесно, бидејќи постојано го бараат. Многу сум тажен поради проблемите низ кои помина. Моите деца се Шпанци и затоа сум вознемирен. И покрај се, тој треба да се фокусира на играње фудбал. Кога се концентрира само на тоа, тој е убедливо најдобар. Тоа прави разлика многу години. Во репрезентацијата на Бразил му реков: Никогаш не ја губи насмевката, ниту радоста што ја имаш додека играш. Биди свој и ќе бидеш незапирлив“, коментираше искусниот играч за врска.

ПретходноФИБА Европа праша кој е вашиот омилен херој? Од Македонија го издвои Димитријевиќ!
СледноАлександар Јончевски: Се надевам дека Димитријевиќ и Шортс како тандем ќе функционираат беспрекорно!