Коментар на 19.коло: Мега – дербито и победата на Шкендија падна во сенка на СКАНДАЛОТ кој го направи раководството на гостите!

1268

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Вчера стартуваше пролетниот дел во тековната сезона 2024/25. Интересни мечеви, две супер – дербија, изненадување во Кратово па и на Чаир и сензација во Охрид, а Пелистер и со новиот тренер си тера по старо.

Резултатите се познати, сега Шкендија е лидер, Гостивар успеа во 90+6.минута и тоа од пенал да дојде до екстра три бода. Храбриот Тиквеш покажа заби во Кратово а Струга ТЛ и Работнички уште на стартот киксираа.

Добар Вардар. Вчера момците на стратегот Гоце Седлоски одиграа добар меч, ама кога нема да ги користиш шансите тогаш тим како Шкендија со Бесарт Ибраими и тоа како ќе те казни.

Честитки за победата на тетовци, но јавноста која е во шок по она што се случи непосредно пред почетокот на мечот при интонирањето на химната, сеуште чека реакција или извинување од страна на раководството на Шкендија.

Да се потсетиме. Дел од раководството на клубот, односно претставниците на гостите вчера на Арената во Скопје при интонирањето на химната си седеа. Таква БРУКА и РЕЗИЛ ни во сон не го очекувавме од еден така голем клуб како Шкендија.

Невиден СКАНДАЛ кој просто ја шокира Македонија. Такво непочитување на сопствената држава и сопствената химна, е тоа е за…

Да не употребуваме сега и потешки зборови. Ова е за секаква осуда.

И сега место јавно извинување за тоа што го направија се изначитваме соопштенија и изјави за судењето. Чудно е тоа што Шкендија досега ретко или многу ретко дига глас за судењето. А што ли ќе беше ако тетовци загубеа од Вардар?

Не сакаме никого да браниме, но се чини дека ова е една “игра“ на раководството на Шкендија со цел да се сврти вниманието на другата страна. А тоа е во фудалска Македонија да се говори за тоа како Шкендија била демек оштетена, а скандалот поврзан со химната да се најде во втор план.

Провидно и веќе видено.

А ние уште чекаме реакција и извинување од Шкендија.

Интересно е тоа што пред се се шокирани оние македонски фанови кои имаа симпатии спрема Шкендија, и се радуваа како мали деца по победите во фудбалска Европа на тетовци, па и по победите над Вардар.

Ама по ова тешко дека ќе има уште такви…

ПретходноШортс: Нено е лидер на тимот, јас сум тука да му помогнам и да и помогнам на Македонија!
СледноДимитријевиќ: Треба да одиме со победничка мисла, а не да чекаме што ќе се случи!