Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски конечно повторно се најде во дресот на својот Ал Ахли и заигра на еден официјален меч и тоа во Азиската Лига на Шампионите. По речиси пауза од година и половина, а познато е зошто така беше, Џани влезе во игра во 73.минута на средбата против Ал Гарафа од Катар во рамките на 8.коло во ова натпреварување.
Џани и Ал Ахли победија со 4:2.
Секако дека ова е добра вест за самиот Џани, но и за селекторот Благоја Милевски во пресрет на стартот на квалификациите за СП.
Инаку Џани се најде во одбрано друштво во Ал Ахли, имено тој заигра покрај ѕвездите Фирмињо, Марез, Тони, Демирал, Кеси…