Леброн Џејмс и Џејлен Браун требаше да бидат дел од истиот Ол-стар тим, но лидерот на ЛА Лејкерс се повлече од тимот на Шекил О’Нил на само еден час пред почетокот на натпреварувањето. Тој објасни дека чувствува болка во стапалото и скочниот зглоб, со што ја прекина неговата серија од рекордни 20 настапи (2005-2024) на најпрестижното кошаркарско шоу. Сепак, тој се сретна со Браун, а средбата не беше многу срдечна.
Според американските медиуми, Леброн влегол во соблекувалната пред натпреварот на ѕвездите ги прегрнал и ги поздравил сите играчи. Кога стигна до Браун, само накратко ја подадал раката. Не беше објавено зошто е поладен кон него од другите, но следбениците на НБА на социјалните мрежи тврдат дека тоа е поради коментарите на Браун за неговиот син Брони.
Тие коментари се слушнаа за време на Летната лига. Ѕвездата на Бостон и МВП на финалето на лигата од минатата сезона, откако го гледаше синот на Леброн во акција, изјави: „Мислам дека Брони не е професионалец“.
Браун ја даде оваа изјава додека го гледаше претсезонскиот натпревар на Селтикс и Лејкерс во кој синот на Леброн Џејмс одигра 25 минути и ги искористи за да постигне два поени, три скока и една асистенција.
Големата желба на Леброн беше да му посака добредојде на синот во НБА. Брони потпиша четиригодишен договор со Лејкерси, а кога играше тој и Леброн станаа првиот татко-син на НБА теренот. Денес, Брони е само повремено во ростерот на Лејкерс, за кој во просек постигнува 1,4 поени по натпревар.
LeBron LITERALLY dapped up and hugged EVERYBODY EXCEPT Jaylen Brown
I’m Crying 😭😭😭pic.twitter.com/fZ4Df1sEC6
— Hater Report (@HaterReport_) February 16, 2025