Нејмар, конечно, погоди по кам-бекот во Сантос (ВИДЕО)

182

Ѕведата на бразилскиот фудбал, Нејмар ги постигна своите први голови за Сантос по неговото враќање во татковината.

На првенствениот натпревар во Паулиста лигата во кој Сантос славеше над Агуа Санта со 3:1, 33-годишниот напаѓач го отвори резултатот од пенал во 14. минута, а во средината на вториот дел направи и асистенција.

Така, Нејмар успеа да го постигне својот прв гол по кам-бекот во Сантос во четвртиот натпревар по неговото враќање дома.

ПретходноОва е некој нов Антони во дресот на Бетис
СледноТимот на Шек победи на Ол-Стар мечот, Стеф Кари прогласен за МВП (ВИДЕО)