Ова се чекаше. Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во историјата даде свој моментар за казната на Јаник Синер, за онаа смешка, со која Италијанецот доби само тримесечна суспензија.
Секој реален во светот на спортот, а посебно во тенисот смета дека ваквата казна за Синер е неверојатно блага.
Во светот на тенисот сите се шокирани, па и Новак:
„Повеќе од јасно е дека ова е главна тема со месеци наназад. Ова е вистински шок, земјотрес во тенисот. И Ига Швјонтек беше суспендирана, а никој не знаел за тоа и тоа надвор од сезоната. Се чини дека со ова има се помалку доверба во анти-допинг агенцијата. Имаме ситуација кога еден врвен тенисер може да си ги дозволи најдобрите адвокати и со тоа да се избори за помала казна. Така ми делува се ова“ распали Србинот.