Реал Мадрид и Манчестер Сити во среда со почеток од 21 часот ќе го одиграат реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите. Натпреварот во Мадрид ќе даде одговор на прашањето кој од двата гиганти ќе се пласира во осминафиналето во најсилното европско клупско фудбалско натпреварување.
По поразот од 3:2 во првиот натпревар, Пеп Гвардиола смета дека неговиот тим има минимални шанси за успех.
„Нашите шанси за победа на Бернабеу се минимални, тоа сите го знаат. Не знам точно колку процентуално, но би рекол помалку од 1 процент. Такви се бидејќи резултатот од првиот натпревар не е добар за нас. На пет минути пред крајот водевме со 2:1, а загубивме со 2:3, па нашите опции се минорни. Ќе се обидеме да ги искористиме можностите што ќе ги имаме и да видиме каде тоа ќе не однесе“, вели Гвардиола.